Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека верува оти оваа недела би можела да биде тешка како и минатата, бидејќи Русите подготвуваат нови напади.

– Терористите подготвуваат нови напади. Тоа сигурно го знаеме. И додека имаат проектили, тие нема да запрат, за жал … Следната недела може да биде тешка како и минатата. Нашите одбранбени сили се подготвуваат. Целата земја се подготвува. Ги разработуваме сите можни сценарија, вклучително и консултации со нашите партнери, рече тој.

Зеленски ги повика Украинците да ги почитуваат безбедносните мерки за време на сирените за воздушни напади и да им помагаат на луѓето околу нив секогаш кога е можно.

Тој додаде дека во повеќето региони ќе се спроведуваат само редовни исклучувања на струја.

– Ситуацијата е под контрола, нагласи тој.

Зеленски додаде и дека ситуацијата на фронтот сè уште е многу тешка, особено во регионот на Доњецк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.