Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека е на пат за САД каде што ќе разговара за украинската одбрана, а Белата куќа потврди дека ќе биде примен од претседателот Џо Бајден, а потоа ќе се обрати во Конгресот.

Јас сум на пат кон САД за да го зајакнам отпорот и одбранбените способности на Украина“, напиша тој на Твитер. Ќе одржам говор во Конгресот и серија билатерални средби“, објави тој на својот Твитер профил.

Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер рече дека Бајден го повикал својот украински колега во Вашингтон за да нагласи дека Белата куќа ќе и помага на Украина се додека е потребно.

„Посетата ќе ја нагласи цврстата посветеност на САД да ѝ помогнат на Украина доколку е потребно, вклучително и економска, хуманитарна и воена помош“, рече таа.

Висок американски функционер рече дека Бајден ќе објави нов пакет со оружје во вредност од речиси две милијарди долари, кој вклучува ракети Патриот кои ќе му помогнат на Киев да се одбрани од постојаните руски ракети.

Американските претставници се подготвуваат да гласаат за финансиски пакет од речиси 45 милијарди итна помош за Украина и сојузниците во НАТО.

Светската банка објави дека одобрила дополнителен финансиски пакет од 610 милиони долари за итна помош и потребите на Украина, пишува Ројтерс.

Посетата на украинскиот претседател беше подготвена во тајност, а деталите беа соопштени во вторник навечер и се очекува да трае неколку часа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.