Претседателот Володимир Зеленски, со свои укази, ги смени од позициите шефот на Службата за безбедност на Украина (СБУ) Иван Баканов и државниот обвинител Ирина Венедиктова. Причините за нивната оставка не се соопштуваат.
Баканов е отпуштен според член 47 од Дисциплинската повелба на вооружените сили на Украина поради неправилно извршување на службените должности, што резултираше со загуба на животи или други сериозни последици.
Олексиј Симоненко, кој ја вршеше функцијата заменик јавен обвинител, е назначен за вршител на должноста, според друг указ на претседателот на Украина.
Иван Баканов е пријател од детството на Владимир Зеленски. Тој беше шеф на СБУ од август 2019 година. Во јуни „Политико“, цитирајќи извори, објави дека претседателот на Украина сака да го смени шефот на СБУ поради загубата на Керсон за време на војната.
Ирина Венедиктова е првата жена во историјата на Украина – државен обвинител. Таа ја извршува оваа функција од март 2020 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.