Првата дама на Украина, Олена Зеленска во денешното обраќање пред американскиот Конгрес побара повеќе оружје.

Ние сме благодарни за присуството на САД со нас во оваа војна, но војната не е завршена. Ве молам за повеќе оружје … да ги заштитиме домовите на сите и правото да се разбудиме живи во тие домови. Помогнете ни и заедно ќе извојуваме голема победа, изјави Зеленска.

Таа покажа и фотографии на ранети деца при руската инвазија.

Зеленска вчера во Белата куќа се сретна со првата дама на САД, Џил Бајден.

САД од почетокот на руската инвазија на Украина и има доставено воена опрема од речиси седум милијарди долари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.