Германската полиција денеска соопшти дека заложничката криза во Дрезден завршила и дека двајца заложници се спасени.

Се е чисто! Ситуацијата со заложниците во Дрезден е завршена, се наведува на Твитер профилот на германската полиција.

Како што јави Дојче веле (ДВ), вооружен маж држел луѓе како заложници во трговски центар во Дрезден.

Претходно во текот на денот беше пронајдено и телото на мајката на осомничениот.

Властите го уапсиле повредениот киднапер. Тие воспоставиле телефонски контакт со мажот откако тој се заклучил во јавна просторија во трговскиот центар, пишува ДВ.

Двајцата заложници се спасени неповредени.

Германската полиција претходно соопшти дека во Дрезден е во тек заложничка криза и ги повика луѓето да ја избегнуваат областа во центарот на градот.

Радио Дрезден претходно јави дека се пукало во зграда во близина на главната железничка станица.

Германскиот таблоид „Билд“ објави дека една жена е убиена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.