Во 19 часот официјално заврши гласањето за парламентарните избори во Унгарија. Во Будимпешта се гласаше во 3 154 избирачки места и 23 области, јави агенцијата МТИ. Резултатите од изборите ќе бидат објавени кога ќе се пребројат гласовите во сите изборни единици.
На изборите во Унгарија актуелниот премиер Виктор Орбан ќе се обиде да го освои четвртиот последователен мандат. Кандидат на опозицијата за премиер е Петер Марки-Зај кој во моментов е градоначалник на Ходмезевашархел, град во јужна Унгарија.
Коалицијата Обединети за Унгарија, која обединува шест опозициски партии со широк политички спектар – од либералите, преку центарот, до десното крило, ги здружи силите за да ја собори десничарската Фидес.
Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) испрати мисија за набљудување на изборите во Унгарија, вклучувајќи 18 долгорочни набљудувачи и 200 други на денот на изборите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.