Учениците во неколку области во Пекинг повторно се на онлајн настава откако властите ги повикаа жителите во некои од најтешко погодените области да останат дома, бидејќи се зголеми бројот на заразени со КОВИД-19 во кинескиот главен град и земјата.
Кина се бори со нова епидемија на КОВИД-19. Во некои места се пријавени 26.824 нови случаи, што е бројка како во пикот во април. Два смртни случаи беа пријавени и во Пекинг, во споредба со еден во саботата, што беше прв во Кина од крајот на мај.
Гуангжу, јужен град со скоро 19 милиони луѓе е најпогоден од враќањето на вирусот. Веќе е објавен петдневен карантин, со затворање на сите јавни установи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.