Во полициска акција изведена во Италија, Албанија и Грција се уапсени 29 лица под обвинение дека заработиле неколку стотици милиони евра криумчарејќи мигранти од Турција во Европската Унија, соопшти Европол. Се верува дека е уапсените се дел од синџир од најмалку 80 членови, кои организирале најмалку 30 шверцерски операции во кои над 1.000 луѓе биле пренесувани со бродови од Турција до брегот на Пуља во италија, а потоа и до други европски земји.

Во Италија се уапсени 11 лица како и ирачки и сириски државјани кои пружале логистичка поддршка – соопшти потполковник Џузепе Џулио Лео, шеф на италијанската финансиска полиција во Лече.

Тој појасни дека некои од нив биле уапсени порано во истрагата што била покрената пред повеќе од една година.

Осумнаесет луѓе се уапсени во Албанија, а еден во Грција, соопшти Европол.

Се верува дека организаторите на операциите се стационирани во Турција, па затоа обвинителите во Лече ги активираа дипломатските канали, надевајќи се дека ќе ги уапсат водачите на таа криминална банда – изјави Џулио Лео.

Европол соопшти дека шверцерите наплаќале од 6.000 до 10.000 евра за превоз од Турција до јужна Италија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.