Според медиумите, Путин, кој в петок ќе го прослави својот 70. роденден, ги предупредил членовите на семејството, вклучително и неговата наводна партнерка Алина Кабаева (40) дека постои можност за брза евакуација.

„Дејли мејл“ пишува, повикувајќи се на изјавите на телеграмскиот канал „Генерал СВР“, дека Путин верува дека е безбеден во бункерот од можни напади на западните земји, а главните менаџери на неговиот кабинет и безбедносниот апарат ќе бидат префрлени на тајна локација.

Овој канал тврди дека кружат информации дека Путин има акутни здравствени проблеми, но и покрај овие наводи, нема потврда за тоа, за што своевремено зборуваше и шефот на ЦИА.

Се претпоставува дека Путин има неколку бункери во Сибир, вклучувајќи еден во Јамалија и друг во планините Алтај.

Семејствата и пријателите на шефот на државата ќе бидат префрлени порано во бункерот“, се наведува на телеграмскиот канал „Генерал СВР“.

„Дејли мејл“ понатаму наведува дека Путин наводно наредил евакуација на „неопходниот минимум“ на руското раководство во случај на нуклеарна закана.

Ова ги вклучува премиерот Михаил Мишустин, претседателот на парламентот Вјачеслав Володин, јавниот обвинител, членовите на Советот за безбедност, но не и поранешниот претседател на Русија, Дмитриј Медведев, како и клучните луѓе од неговата администрација и трите безбедносни и разузнавачки служби – ФСБ, ФСО и СВР со нивните семејства“, пишува овој портал.

Се претпоставува дека Министерството за одбрана има бункери на планините Урал. Има информации и дека ќе бидат евакуирани ќерките на Путин, Марија Воронцова (36) и Катерина Тихонова, заедно со нивните партнери и деца. Луиза Розова (19), за која се шпекулира дека е вонбрачна ќерка на Путин, наводно не била поканета во бункерот, а ниту неговиот син од претходната врска.

Розова е ќерка на мултимилионерката Светлана Кривоногих (47), која наводно поседува дел од Руска банка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.