Заменик-директорот на водечката руска авиокомпанија Аерофлот Андреј Панев изјави дека поднел оставка и ја напуштил земјата.

Панов, кој беше задолжен за маркетинг, на Фејсбук напишал дека „заврши животот што некогаш го имал“, пренесува Бета.

Руските медиуми претходно јавија дека и извршниот директор на Аерофлот Михаил Полубојаринов ја напуштил земјата, но подоцна Аерофлот демантираше.

Аерофлот е тешко погоден од западните санкции кон Русија поради нејзината инвазија врз Украина.

Западните земји забранија летови на Аерофлот и забранија испорака на резервни делови, а оваа мерка важи и за другите руски авиокомпании.

Аерофлот одговори на санкциите со прекин на сите летови во странство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.