Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни неодамна упати очајнички повик за воени ресурси, вклучувајќи луѓе, муниција и оружје, за да се продолжи борбата против Русија, објави РБЦ-Украина.

„Најважно ми е луѓето да дојдат во војска и да можат да ги извршуваат поставените задачи. Кој добива одложување, а кој не, кого државата ќе повика – тоа денес не е моја надлежност. Потребни ми се луѓе, потребна ми е муниција и потребно ми е оружје за да ја продолжам воената операција, рече Залужни.

Барањето на Залужни доаѓа откако украинскиот Парламент завчера предложи нацрт-закон со кој ќе се намали старосната граница за мобилизација од 27 на 25 години и ќе се намалат исклучоците, што значи дека повеќе Украинци ќе потпаднат под регрутација.

Неодамна, Зеленски рече дека Генералштабот побарал дополнителна мобилизација од 450.000 до 500.000 војници, бидејќи војната против Русија се приближува на втората годишнина, објави Си-ен-би-си, но Залужни подоцна тоа го негираше.

Зеленски ги обвини западните партнери на Украина, вклучително и САД, за лошите резултати од украинската контраофанзива. Зеленски тврди дека контраофанзивата започнала подоцна од планираното поради потребата од повеќе ресурси.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.