Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, денеска оцени дека текстот на „планот за победа“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски е „збир на некохерентни слогани“.

„Ова, се разбира, не е план, тоа е збир на некохерентни слогани. Ова е крвава пена на усните на убиец, неонацист“, рече таа на брифингот, пренесува „Известија“.

Захарова предупреди дека планот на Зеленски го турка НАТО во директен конфликт со Русија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.