Киев одлучи да ги повлече војниците од Авдеевка не за да „спасува животи“, туку затоа што може да се бори само за пари, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Таа ја демантираше изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој на Минхенската безбедносна конференција рече дека одлуката за повлекување на украинските војници од Авдеевка е донесена со цел „да се спасат животите на Украинците“.

 

„Не, не од таа причина. Но затоа што претседателот и неговата банда знаат дека се „борат“ само за големи пари, кои одат директно во нивните џебови, и против граѓаните“, напиша Захарова на каналот Телеграм.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.