На вооружени лица од денеска им е забрането да шетаат по Тајмс Сквер во Менхетен, како и на многу други јавни места во државата Њујорк, информираа властите.

Одлуката стапува во сила денеска, пренесе Хина.

Станува збор за одговор на Њујорк и други демократски држави како Калифорнија, на „скандалозната” одлука на Врховниот суд на САД со мнозинство конзервативци, што кон крајот на јуни го потврди уставното право на носење оружје.

Известувањето „Тајмс Сквер: Зона без оружје” од денеска ќе биде поставено на плоштадот во срцето на Менхетен, познат по огромните електронски билборди што светат ден и ноќ за 50 милиони посетители, колку што го посетуваат секоја година.

Забрането е и носење оружје во џебови или ранци.

Според властите, тоа се однесува на „барови, библиотеки, училишта, јавни установи и болници” во регионот.

Во големите градови во САД има пораст на криминалот, како и на бројот на убиства.

Масовен масакр во мај имаше во Бафало – 10 жртви, како и во училиште во Тексас, каде убиени беа 21 лице, од кои 19 деца.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.