Германската регионална медиумска групација „Рајнише пост“ денеска отпечати вонредни изданија на своите весници по кибер нападот врз нејзиниот внатрешен давател на ИТ услуги, што се случи на 16 јуни, јави ДПА.
Печатените и дигиталните изданија на регионалните весници во Западна Германија не можат да се нудат во нивната вообичаена форма, објави „Рајнише пост“, додавајќи оти поради нападот биле исклучени неколку технички системи и интернетот.
Според медиумската групација, очигледно не биле украдени никакви податоци, вклучувајќи ги и податоците за клиентите.
Новинските портали на погодените весници денеска беа достапни само во ограничена мера.
Реагиравме навреме, деноноќно работиме на решавање на проблемите и напредуваме, се наведува во соопштението на „Рајнише пост“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.