Претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин кажа дека НАТО подготвувал напад од Украина врз Русија, но рускиот претседател Владимир Путин спречил трагедија.

Володин преку Телеграм праша како ја објаснуваат постапката на Вашингтон за да испорача оружје во Украина во јануари, и тоа пред почетокот на воената операција.

Доколку не беше одлуката на Путин, воените операции ќе се водеа на наша територија. Тој успеа да спречи напад и трагедија во Русија – вели Володин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.