Украинските сили изминатата ноќ собориле 27 беспилотни летала истрелани од руските сили на југот на Украина, јавија утринава украинските воени власти на Телеграм.

Русија лансираше 36 беспилотни летала од источниот дел на полуостровот Крим, што го анектираше во 2014 година, се додава во извештајот на украинските сили.

Руската војска, која на 24 февруари 2022 година ја почна својата инвазија врз Украина,  речиси секоја вечер напаѓа различни украински региони, користејќи беспилотни летала и проектили



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.