Вoјна меѓу САД и Кина за Тајван е неизбежна доколку Русија ја добие војната со Укрaина, предупреди рускиот бизнисмен и критичар на Путин, Михаил Ходорковски.
Ходорковски некогаш беше најбогатиот човек во Русија и сопственик на нафтената компанија Јукос. Тој помина 10 години во затвор, а Путин го помилува во 2013 година. Пред неговото обраќање до глобалните лидери на големата безбедносна и одбранбена конференција, која ќе се одржи викендов во Германија, тој за Вашингтон пост изјави дека „изгубената војна во Украина е чекор кон војна во азиско-пацифичкиот регион“.
„ Америка може да влезе во војна во Азија, доколку Украина ја изгуби војната“.
Тој истакнува дека единствениот начин да се избегне таков конфликт со Кина е значително да се зголеми западната воена помош за Киев и на крајот да се обезбеди победа на Украина,пренесе Индекс.хр.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.