На самиот почеток на војната во Украина во 2022 година, Украина водеше тајни индиректни преговори со Русија преку своите меѓународни партнери, кои вклучуваа неколку насоки на преговори.

Ова го изјави министерот за одбрана на Украина Рустем Умеров во интервју за „Вашингтон пост“.

Украинскиот министер истакна дека Соединетите Американски Држави секогаш биле свесни за овие контакти бидејќи украинската страна секогаш одржувала консултации за сите прашања.

Умеров рече дека тие тајни преговори резултирале со формирање на хуманитарен коридор, кој им овозможил на 400.000 Украинци да ги напуштат привремено окупираните области.

Преговорите доведоа и до договор за размена на воени заробеници, политички затвореници и ранети војници, како и договор за жито за извоз на украинско жито преку Црното Море.

Американските власти потврдија за WP дека тајните разговори се одржале во 2022 година, во време кога Русија јавно се заканувала дека ќе користи тактичко нуклеарно оружје.

На прашањето дали во моментов се водат такви преговори преку тајни канали, Умеров одговори дека хуманитарната рута е се уште отворена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.