Италијанскиот претседател Серџо Матарела синоќа беше избран за неговиот втор претседателски мандат. Во осмиот круг на гласање, меѓу повеќе од 1.000 пратеници и регионални делегати во Претставничкиот дом, Матарела освои 505 гласови потребни за избор.

Гласањето следеше откако партиските лидери побараа од Матарела да остане на таа функција, бидејќи по неколкудневно неуспешно гласање во парламентот, Италија не можеше да добие нов претседател. Лидерите на партиите му се заблагодарија на 80-годишниот Матарела што се согласи да остане на функцијата по седум круга гласање.

Серџо Матарела претходно ја отфрли можноста да остане на функцијата, но бидејќи беше загрозена политичката стабилност на земјата, тој се предомисли по апелот на парламентарните лидери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.