Градоначалникот на украинскиот град Лавов Андриј Садовиј изјави дека во градот повеќе нема место за раселени лица, кои бегаат од рускиот напад, бидејќи сите капацитети се пополнети.

Разбирам дека ќе има нов бран раселени и ги повикувам меѓународните хуманитарни организации да дојдат овде и помогнат“, изјави Садовиј, посочувајќи дека неколку стотина илјади луѓе поминале низ Лавов во потрага по безбедно место.

Околу 200 илјади внатрешно раселени лица веќе се во Лавов, а 50 илјади дневно минуваат низ железничката станица во градот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.