Италија се подготвува да се збогува со поранешниот премиер и лидер на централнодесничарската партија „Форца Италија“, медиумскиот магнат и  милијардер Силвио Берлускони.

АНСА пренесува дека италијанската Влада утрешниот ден го прогласи за национален ден на жалост, на денот кога ќе биде организирана државната погребна церемонија во миланската катедрала.

Италијанските и европските знамиња се веат на половина копје на јавните згради во Италија и на дипломатските и конзуларните згради во странство.

Погребот на Берлускони ќе се одржи во 15 часот, а церемонијата ќе ја предводи миланскиот надбискуп монсињор Марио Делпини.

На плоштадот пред катедралата се поставени големи екрани за јавноста да може да го следи погребот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.