Соочени со постојаната закана од руски воздушни напади, властите во регионот Харков, источна Украина почнаа да градат подземни училишта, кои ќе им овозможат на децата безбедно да се вратат на училиште додека продолжува конфликтот со Москва.
Училиштата во регионот со околу 2,5 милиони луѓе, на само 32 километри од границата со Русија, беа принудени да користат онлајн учење по рускиот напад во февруари 2022 година. Две училишта, од кои секое може да прими до 500 луѓе, во моментов се во изградба и ќе можат да издржат директни напади. Овие структури ќе бидат опремени со се што е потребно за процесот на учење, изјави главниот регионален архитект Антон Коротковских.
При руските напади во Харковската област оштетени или уништени се 817 образовни објекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.