Градот Харков е под контрола на вооружените сили на Украина, соопшти шефот на регионалната цивилна и воена управа на Харков, Олех Синегубов.
Вооружените сили на Украина цврсто ја држат одбраната на Харков. Рускиот непријател не се ни обидува да спроведе активна офанзива, освен некое гранатирање на периферијата на градот. Како што ме информира Штабот за одбрана на Харков, вооружените сили на Украина презедоа целосна контрола врз градот – напиша Синегубов на социјалните мрежи.
Според Синегубов, во градот не се регистрирани редовни непријателски трупи и диверзантско-извидувачки групи. Тој вели дека индивидуалните саботери брзо се идентификуваат и елиминираат, а денеска била приведена жена разузнавач поради собирање информации за воени објекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.