Федералната канцеларија за криминални истраги на Германија (БКА) регистрирала стотици антируски или антиукраински злосторства во Германија поврзани со војната во Украина, објавија германските медиуми.
Има злосторства против членовите на нашето општество со руско потекло, но и против членовите со украинско потекло. Во моментов броиме околу 200 такви прекршувања неделно – од кои повеќето се антируски. Најчесто станува збор за навреди и закани, но има и физички напади. Има и материјална штета, како графити со навредлива содржина – вели претседателот на БКА, Холгер Минч за РНД.
Полицијата почнала да ги следи ваквите инциденти низ Германија во средината на март и оттогаш регистрирала околу 500 инциденти.
На пример, врз Руската православна црква во Берлин биле фрлани стаклени шишиња. Напаѓачите или не знаеле или не им било грижа што во таа црква тогаш биле сместени бегалци од Украина.
Во градот Крефелд изгорел автомобилот на едно украинско семејство кое по војната избегало во Германија, а избувнал пожар во германско-руско приватно училиште во Берлин.
Во сите случаи, властите сметаат дека е можен политички мотив – наведува БКА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.