Градоначалникот на украинскиот град Буча, во близина на Киев, изјави дека властите досега пронашле 403 тела на луѓе за кои се верува дека биле убиени од руските сили за време на окупацијата на областа. Сепак, Анатолиј Федорук дополнува дека бројот на пронајдени тела се уште се зголемува.

Федорук за време на брифингот додаде дека е премногу рано за жителите да се вратат во градот, иако руските трупи се повлекоа пред две недели.

Властите почнаа да ги извлекуваат телата од масовната гробница на црквата  Св. Андреј и сите светци, кој минатата недела беше посетен од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.