Автобус со 77 туристи од Босна и Херцеговина се преврте во текот на ноќта во Сан Дона ди Пиаве, во близина на Венеција, Италија. Во автобусот имало и двајца возачи. Пожарникарите извлекувале луѓе од автобусот.

Во несреќата полесно се повредени 10-тина патници. На лице место им била укажана прва помош, а потоа се пренесени во локална болница.

Несреќата се случила околу 2 часот и 30 минути, а туристите се враќале од новогодишниот огномет во Трст.

Како што јави Венеција Тудеј, пожарникарите ги пренеле неповредените туристи во Јесоло, каде ќе чекаат нов автобус за да ги земе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.