Владимир Кличко, брат на градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, зборуваше за Би-Би-Си, при што рече дека главниот град на Украина полека се враќа во живот.
Поранешниот боксерски шампион вели дека сообраќајот се зголемува, повеќе луѓе се на улиците и се слуштаат помалку сирени за воздушни напади.
Но, тој предупредува дека стапката на луѓе кои се враќаат треба да се забави, велејќи дека ако сите се вратат одеднаш, тоа ќе „предизвика компликации“.
Кличко оцени дека ситуацијата во Киев е тешка поради оштетената инфраструктура и проблемите со снабдувањето со храна и вода. Патиштата сè уште се блокирани за да се спречи инвазијата на руските сили.
Тој, исто така, предупреди дека се уште постои опасност од руско гранатирање на главниот град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.