Најмалку 50 индустриски капацитети за производство на ѓубрива во Европа се затворени поради кризата. Ова се наведува во извештајот на „Mitsubishi UFJ Financial Group“ (главна финансиска групација меѓу првите десет во светот).

Производството на ѓубрива во ЕУ стана целосно непрофитабилно поради цените на горивата –  75% од цената на азотно ѓубриво е цената на гасот.

Отфрлањето на евтиниот гас од Русија, прифатлива поташа (вид сол (калиум карбонат) добиена од пепелта на согорени растенија) од Белорусија, ја принудува ЕУ да ги затвори своите производствени капацитети, кои порано го снабдуваа целото европско земјоделство.

На тој начин, во Европа се случува вистинска деиндустријализација, односно производството на ѓубрива е речиси целосно запрено, што на крајот ќе ја принуди Европа да купува ѓубриво или, пак, жито (поради пад на производството) веќе во 2024 година.

Најголеми загуби претрпува Германија, а Франција е на второто место.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.