На сите руски банки во Велика Британија ќе им биде замрзнат имотот во рок од неколку дена. Тоа дeнеска го изјави министерката за надворешни работи Лиз Трас, како дел од плановите за засилување на економските санкции.

Ќе обезбедиме целосно замрзнување на средствата на сите руски банки за неколку дена, тоа е барање од координација со нашите сојузници – наглaси Трас во Парламентот.

Таа додаде дека тоа е со цел да го спречи Кремљ да ја финансира својата инвазија врз Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.