Во градовите во источна Кина не сообраќаат траектите, додека во Јапонија откажани се летови и училиштата се затворени поради тајфунот Хинамнор.

Најсилната глобална бура оваа година претходно ги погоди Тајван и Корејскиот Полуостров, пропратена со обилен дожд.

И во Шангај не сообраќаат траектите, а повеќе од 50.000 полицајци се задолжени да помогнат во спасувањето и пренасочувањето на сообраќајот во безбедно подрачје.

Хинамнор се движи кон север кон Источно Кинеско Море со максимална брзина од 175 километри на час.

Поради тајфунот на јапонскиот јужен остров Окинава наредени се евакуации и откажани се летови.

Кинеската метеоролошка служба прогласи жолт метеоаларм во североисточната провинција Зејианг, Шангај и Тајван.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.