Паравоената група Вагнер, на барање на руските власти, „се подготвува да достави систем за противвоздушна одбрана или на Хезболах, или на Иран“, изјави во вторникот портпаролот на Белата куќа.
Ние сме подготвени да го искористиме нашиот режим на антитерористички санкции против руски поединци или субјекти, изјави Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност.
Можно е Иран да „подготвува понатамошен чекор“ во воената помош за Русија, рече тој.
Покрај беспилотните летала и другата опрема за која Вашингтон вели дека Техеран веќе и ги доставува на руската војска, „Иран размислува да испорача балистички ракети кои Русија би можела да ги користи во Украина“, додаде портпаролот.
Проиранските движења на Хезболах во Либан ја напаѓаат израелската армија додека продолжува војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас во Појасот Газа.
САД веќе неколку месеци предупредуваат за продлабочување на воените односи меѓу Москва и Техеран.
Таа соработка е „очигледно штетна за Украина, за соседите на Иран и за меѓународниот поредок“, изјави Џон Кирби.
Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, беше во официјална посета на Иран во септември, што тогаш беше опишано како „важен чекор“ за воената соработка меѓу двете земји.
Москва и Техеран се под меѓународни санкции кои ја ограничуваат трговијата, но минатата година воспоставија блиски врски во неколку сектори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.