Руската приватна воена компанија „Вагнер“ ќе биде прогласена за терористичка организација од страна на британската влада, јави Би-Би-Си, повикувајќи се на нацрт-документ.
Предлогот предвидува можност имотот на Вагнер да се категоризира како да и припаѓа на терористичка организација и да се заплени. Дополнително, од гледна точка на британското законодавство, ќе стане незаконски да се биде член на „Вагнер“ и да се изразува поддршка.
Британскиот министер за внатрешни работи Суела Браверман за Би-Би-Си изјави дека Вагнер сее „насилство и уништување…и е воено орудие на Владимир Путин“.
Тие се терористи, просто и јасно, истакна Браверман.
Прогласувањето на „Вагнер“ за терористичка организација ќе значи дека сега ќе биде кривично дело во таа држава да се рекламира приватната воена компанија, да се организираат нејзините настани и да се прикажува нејзиното лого на јавни места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.