Ракети на Хезболах го погодија Хаифа, третиот по големина град во Израел, соопшти израелската полиција, а израелските медиуми објавија дека 10 лица се повредени на северот на земјата.
Хезболах соопшти дека гаѓал на воена база јужно од Хаифа со проектил „Фади 1“.
Медиумите јавуваат дека две ракети паднале на Хаифа на брегот на Средоземното Море, а пет паднале на Тиберија, на 65 километри.
Полицијата соопшти дека се оштетени некои згради и имоти, а има неколку пријави за полесни повреди и дека луѓето се пренесени во блиската болница.
Израелската војска соопшти дека воени авиони погодиле цели на разузнавачкиот штаб на Хезболах во Бејрут, вклучително и средства за собирање разузнавачки информации, командни центри и дополнителни инфраструктурни локации.
Во текот на изминатите неколку часа, воздушни напади ги погодија магацините за оружје на Хезболах во областа Бејрут, соопшти војската, истакнувајќи дека по нападите биле идентификувани секундарни експлозии, што укажува на присуство на оружје.
Воздушните напади, исто така, погодија цели на Хезболах во јужен Либан и во областа Бека, вклучувајќи складишта за оружје, инфраструктурни локации, команден центар и фрлач, соопшти војската. Таа го обвини Хезболах дека намерно ги става своите командни центри и оружје под станбени згради во срцето на градот Бејрут и го загрозува цивилното население.
Најмалку една нова ракета вчеравечер го погоди јужен Бејрут, нешто повеќе од еден час откако Израел издаде инструкции за евакуација на цивили.
Тие удриле во јужно предградие кое има силно присуство на Хезболах и е блиску до аеродромот. Таа област во последните денови неколку пати беше мета на напади.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа „итно“ предупредување за евакуација за жителите на Бурџ ал Барајнех и Хадат – двете области на југот на Бејрут.
-Вие сте во близина на објектите и интересите на Хезболах, а ИДФ ќе оперира против нив во блиска иднина, се вели во предупредувањето.
Ракетните напади следеа по слични наредби издадени во последните денови.
Сириските медиуми тврдат дека бројни воени локации во централна Сирија биле цел на Израел, а некои од нив биле погодени, велат тие
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.