Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци (УНРВА) денеска соопшти дека на секои 10 минути во Појасот Газа загинува по едно дете.

„По едно дете е убиено на секои 10 минути во Појасот Газа. Жално е што голем број деца се повредени во интензивните и често неселективни израелски напади. Моментално примирјето е последната преостаната надеж“, се вели во објавата на УНРВА на мрежата Икс.

Бројот на загинати во Појасот Газа се зголеми на најмалку 34.049, по повеќе од шест месеци војна меѓу Израел и Хамас, соопшти денеска палестинското Министерство за здравство, пренесе претходно Си-Ен-Ен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.