Во предградијата на градот Селидово, во источна Украина се водат улични борби помеѓу руските сили и украинските трупи, јавија проруски блогери.

Изминатите недели руската армија опколи неколку градови во Доњецк принудувајќи ги украинските сили на повлекување.

Во градот се водат борби за секоја улица, една по една. Интензивиран е нападот врз Селидов, објави познатиот проруски блогер од Украина, Јуриј Подољак.

Борбите во Селидово досега не ги коментираше ниту Москва ниту Киев.

Русија во моментот контролира околу 80 проценти од Донбас и напредува на запад кон тактички важните центри Покровск и Курахово.

Руските сили држат под контрола 98,5 отсто од областа Луганск и 60 проценти од регионот Доњецк.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.