Судот во Лондон прогласи двајца мажи за виновни за обид да украдат неколку порцелански предмети од кинеската династија Минг (1368-1644) од музеј во Швајцарија. Уште еден маж веќе се изјасни за виновен за делото.

Сите тројца се обидоа да продадат вазна вредна два милиони фунти украдена од Музејот на уметноста на Далечниот Исток во Женева во 2019 година. Тие биле фатени во стапица кога истражители во цивилна облека се претставиле како потенцијални купувачи, соопштија од полицијата викендов.

Вазната е вратена во музејот. Казната ќе им биде изречена на 13 октомври, информираат од полицијата. Од трите предмети украдени во 2019 година, еден сè уште недостасува – кригла со мотив на птица. За информации за случајот се нуди награда од 10.000 фунти.

Вториот предмет беше продаден на аукција во Хонг Конг во 2019 година, но подоцна беше вратен во музејот. Украдените предмети биле проценети на вкупна вредност од 3,5 милиони фунти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.