Главниот штаб на украинските вооружени сили вчера во својот извештај соопшти дека конфликт меѓу војниците на руската армија и платеничката група Вагнер прераснал во престрелка.

Украинците наведуваат дека сè се случило во окупираниот град Станица Луганск во регионот на Доњецк.

Двете страни (различните руски сили) се обидуваат да ја префрлат одговорноста за сопствените тактички погрешни проценки и загуби една на друга“, се вели во извештајот. Тие додаваат дека во конфликтот имало жртви и од двете страни, пишува Киев Индипендент.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.