Русија за првпат призна дека дел од украинските сили поминале на источниот брег на реката Дњепар, наведувајќи дека ќе се соочат со силен оган од руската артилерија.
Претходно, началникот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека украинските сили го обезбедиле своето упориште на источниот брег на реката Днепар во регионот Херсон.
Рускиот гувернер на Херсонската област, која е под контрола на Москва, Владимир Салдо, исто така призна дека украинската армија ја преминала реката Днепар, која Москва ја смета за тешка бариера за украинските војници. Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак изјави дека украинските сили успеале да ја преминат реката и покрај тешкотиите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.