Властите на руското и проруското мнозинство во одметнатата југоисточна област Доњецк, известија во неделата дека украинската војска и во неделата продолжила со гранатирање на цивилни цели, а погодена бил центарот на истоимениот милионски град.

Градоначалникот на Доњецк, Алексеј Кулемзин, за агенцијата ТАСС изјави дека управната зграда во центарот на градот во исклучиво цивилна зона е тешко оштетена во гаѓање со проектили од производство на западните земји, прозорци на околните згради се искршени а повеќе автомобили се во пламен.

„Со некое чудо, никој не закина“, рече Кулемзин, градоначалник на Доњецк кој е под управа на прориуските сепаратисти уште од превратот во Киев во март 2014 година.

Додал дека повредени се четири лица кои се хоспитализиран со повреди од средна тежина.

Според Кулемзин, гранатирањето на Доњецк било изведено овојпат од селото Курхово, на граничната област на регионот кој е под контрола на украинската војска, а во последниот напад биле истрелани три проектила од американскиот повеќекратен ракетен систем M142 HIMARS.

Само во текот на последните 24 часа, територијата градовите во регионот Доњецк под контрола на локалните сепаратистички сили биле гранатирани 40 пати, при што украинската војска истрелала 175 проектили. Сепаратистичките власти известија дека се оштетени 12 станбени објекти во Доњецк и Александровка, како и објект на цивилната инфраструктура.

Масивните гранатирањата од страна на градовите и населбите кои се под контрола на проруските и силите на руската војска се секојдневни, при што се известува за десетина жртви и ранети на дневно ниво.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.