Украинскиот премиер Денис Шмигал денеска ги повика западните земји да му префрлат на Киев 300 милијарди евра руски средства кои се замрзнати во странство, јавија француските медиуми.
Помошта од нашите партнери е исклучително важна алатка, но ни треба предвидливост и стабилност без оглед на временските услови, политичките промени, изборните циклуси што се случуваат низ светот, рече Шмигал.
„Конфискацијата на рускиот имот треба да прерасне во еден сигурен извор на поддршка за нашата земја“, додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.