Најмалку 16 лица загинаа при уривање на хеликоптер во градот Бровари во киевската област.

Утрово, на 18 јануари, во Бровари се урна хеликоптер на Државната служба за вонредни состојби. Како последица на авионската несреќа загина раководството на МВР: министерот, првиот заменик министер и државниот секретар. Се знае дека вкупно загинале 16 лица, меѓу кои и две деца. Од нив, девет биле во хеликоптерот, информира шефот на Националата полиција на Украина Игор Клименко.

Тој додаде дека 22 повредени се во болница, од кои 10 се деца.

Сите специјализирани единици работат на лице место. Увидот на местото на настанот е во тек.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.