Сирени за воздушна тревога утрово се огласија низ цела Украина поради нов бран на руски ракетни напади. Советникот на претседателот Зеленски, Михајло Подољак, изјави дека биле испукани повеќе од 120 проектили.
Најмалку две експлозии се слушнале во Киев, но нејасно е дали биле предизвикани од проектилите или од противвоздушната одбрана. Експлозии се регистрирани и во Харкив, Одеса, Лвов и Житомир.
Шефот на регионот Одеса, Максим Марченко, изјави дека е во тек масивен руски ракетен напад. Тој кажа дека се соборени 21 проектил.
Русија ја напаѓа земјата од разни правци со воздушни и копнени крстосувачки проектили. Се користат и бројни камиказе дронови“, објавија украинските воздушни сили.
Украински новинари напишаа на Твитер дека дроновите се лансираат од правецот на Белорусија.
Градоначалникот на Киев, Витали Кличко, изјави дека најмалку три лица се повредени во денешниот напад, меѓу кои и 14-годишно девојче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.