Украински војник за Си-Ен-Ен изјави дека ситуацијата во источниот град Соледар е „критична“ и дека бројот на жртвите е толку голем што „никој не ги брои мртвите“.
Си-Ен-Ен јавува дека тој е војник од 46-та воздушна бригада, која го брани Соледар од руските сили и платениците на Вагнер.
„Никој нема да ви каже колку мртви и повредени има. Затоа што никој не знае со сигурност. Ниту еден човек. Ниту во штабот. Никаде. Позициите постојано се заземаат и повторно заземаат. Она што беше наше засолниште денес, станува Вагнерово следниот ден“.
Војникот, исто така, додаде дека верува оти украинските воени лидери на крајот ќе се откажат од борбата за Соледар и се чуди зошто тоа сè уште не го сториле.
„Сите разбираат дека градот ќе биде напуштен. Сите го разбираат тоа. Само сакам да разберам што е поентата. Зошто да умреме, ако го напуштиме денес или утре?“, праша тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.