Руските сили наводно ја разнеле браната Курахивка во окупираниот дел на Доњецката област, предизвикувајќи поплави во околните села на патот кон Бахатир.
Патиштата се се уште проодни, но воведени се ограничувања поради поплавите.
Украинска новинарка и поранешна портпаролка на Володимир Зеленски, Јулија Мендел изјави дека руските сили наводно ја разнеле браната кај Кураков, важен град на патот кон Покровск, предизвикувајќи поплави во околните градови. Овие тврдења се уште не се потврдени ниту од руски ниту од украински извори.
– Кураков е на работ: руските сили ги засилуваат нападите од север, југ и исток, обидувајќи се да го опколат градот и да ги пресечат украинските логистички линии на автопатот Запорожје-Доњецк, напиша таа на Х.
Војната во Украина значително ескалира во последните денови, при што двете страни ги изведоа најинтензивните напади со дронови во текот на викендот од почетокот на конфликтот пред речиси три години. Русија прави бавен, но постепен напредок на фронтот, сè повеќе го стега обрачот околу Покровск, каде што нејзините позиции сега се на само на шест километри од градот.
Во меѓувреме, Русија се обидува да употреби значителни воени сили за да ги истисне украинските војници од западниот регион Курск, потврди украинскиот врховен командант Олександр Сирски.
People mistakenly posting 1st pic as Kurakhivs’ke reservoir dam in #Ukraine‘s eastern Donetsk region. But it’s the dam bridge at Kozarovychi (2nd pic), Kyiv region – blown 26 Feb 2022.
However, 🇺🇦 military report Russia today blew up the Kurakhivs’ke dam at Stari Terny, near… pic.twitter.com/yYpJNzVSki
— Glasnost Gone (@GlasnostGone) November 11, 2024
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.