Командантот на 36. поморска пешадиска бригада на вооружените сили на Украина, Сергеј Волински (воен прекар Волина), кој е во заробеништво во Доњецката Народна Република (ДНР), им се извини на жителите на Донбас во интервју со новинарите на рускиот Канал 1

Би сакал да се извинам во име на сите војници. Во свое име ќе кажам дека во никој случај не сакав да загинат цивили, да се прошири трагедијата и да има човечка тага – вели тој.

Маринецот вели дека не би сакал лично да се сретне со жителите на Маријупол. Според него, во нивни очи, украинската армија станала „чудовиште“.

Претходно Волина ја коментираше смртта на украинските затвореници во затворот во Јеленовка.

Тој го нарече инцидентот многу страшна трагедија.

Волина изрази мислење дека ваквата состојба ќе влијае на психата на оние кои се во заробеништво, како и на оние кои би можеле да бидат заробени во иднина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.