За шест дена од почетокот на воените дејствија украинската Национална компанија за нуклеарно производство на електрична енергија „Енергоатом“ има генерирано загуби од околу 18 милијарди гривни или околу 54 милиони евра.
Претседателот на украински „Енергоатом“, Петро Котин, изјави дека во оружените дејствија во Украина се кршат конвенциите за нуклеарна безбедност и договорите на ниво на Меѓународната агенција за атомска енергија.
„Нуклеарните постројки не се шега. Бараме да се создаде контролна зона од 30 километри од капацитетите за да се спречат експлозии и влез на окупациските сили во централите. За само шест дена проценките се дека се генерирани загуби од 18 милијарди гривни“, рече Котин.
Според него, околу 22 илјади луѓе се ангажирани за одбрана на градот Енерходар, со контролни пунктови и блокада на пристапните патишта со тешки возила.
„Околу 22 илјади луѓе го блокираат пристапот на руските окупатори, со намера да ги спречат да влезат во нукеларната централа и во градот. Има обиди од руска страна да разговараат со локалните власти. Според нив, имаат задача да ја преземат контролата врз градот и централата Запорожје. Тие тврдат дека за нив е доволно да влезат во градот, да се сликаат пред централата и да испратат извештаи со нивните челници за пропагандни цели, истакна Котин.
Колони руски воени возила веќе неколку дена се обидува да влезе во градот, што е спречено од локалното население со блокирање на патиштата и жив штит.
Шефот на МААЕ, Рафаел Гроси, вчера изјави дека нуклеарната централа „Запорожје“ е под контрола на руските сили, притоа повикувајќи се на информациите добиени од Москва.
Во Украина има 15 оперативни нуклеарни реактори во четири централи, од кои „Запорожје“ е најголема во земјата, но и во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.