Украинскиот Совет за одбрана и национална безбедност денеска им забрани на војниците и службениците да ја користат апликацијата Телеграм на нивните електронски уреди поради безбедносни причини.

„Одлучено е да се забрани инсталирањето и употребата на Телеграм на официјалните уреди на владините претставници, воениот персонал, вработените во безбедносниот и одбранбениот сектор, како и во компаниите кои работат на критична инфраструктура“, објави Советот.

Одлуката е објавена по состанокот на Советот за заканите за националната безбедност што ги претставува оваа апликација.

Телеграм е многу популарна апликација за пораки основана од Русинот Павел Дуров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.