Министерот за одбрана на Украина Рустем Умеров вчера ги повика своите сонародници ширум Европа да се пријават за Украинската легија, која ќе биде со седиште во соседна Полска, нарекувајќи ја клучен чекор за подобрување на борбената готовност со помош на Западот.
Создавањето на единицата, која на 8 јули ја најави претседателот Володимир Зеленски во Варшава, е дел од безбедносниот договор потпишан со Полска, како средство за зајакнување на редовите на вооружените сили на Украина.
Умеров нагласи дека планот ќе и обезбеди на украинската војска најсовремена и најсофистицирана опрема што западните партнери му ја нудат на Киев.
И покрај значајната помош од западните сојузници и продолжувањето на американската помош по повеќемесечниот прекин околу конгресните спорови, Украина сè уште се соочува со многу побројниот непријател во однос на персонал и оружје
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.