Украинската контраофанзива резултирала со освојување седум села кои претходно беа под руска контрола, изјави Олекси Хромов, портпарол на Генералштабот на Украина.
„Вратена е контролата на 100 квадратни километри украинска територија. Украинските единици продолжуваат со нападите на север и на југ од Бахмут, градот во регионот Доњецк што го зазедоа руските сили претходно оваа година, изјави Хромов на прес-конференција во Киев.
Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малиар рече дека руските сили покажуваат „силен отпор“, при што украинските војници се попречени од тежок артилериски оган и беспилотни летала камикази.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.